Цуклусот од 12 дена предсезонско тестирање во Барселона заврши оваа недела. Најбрз на крајот беше Нико Розберг од Мерцедез со време 1:20.30, со 131 одвозен круг.
Единствен возач кој успеа да постигне резултат по 1:21 беше шпанецот Алонсо. Тој извозе 120 круга , и најдобро време му беше 1:20.494.
Трето време постави Џенсон Батон кој закасни нешто повеќе од секунда.
Поголемиот дел од возачите, последниот тест го искористија за тестирање на тврдата компонента на гумите. Единствен кој беше со необележани гуми беше Фетел од Ред Бул, за кого не се знаеше дали вози со тврди или меки гуми.