Либија: Во напад со дронови убиени најмалку 40 цивили

Од:

Најмалку 40 лица загинаа, а десетици се повредени во воздушен напад во југозападниот дел на Либија, во момент кога се одржувала свадбена веселба во градот Марзук.

Според наводите на медиумите, нападот го извршиле силите лојални на лидерот на вооружените сили од источниот дел на Либија, генерал Калифа Хафтар.

Речиси 1.100 луѓе се убиени од 4 април, кога Хафтар започна офанзива врз либискиот главен град Триполи.

Либиската влада, која е призната од ОН, во саботата соопшти дека урнала едно беспилотно летало, кое им припаѓа на силите на Хафтар.

Специјалниот пратеник на ОН, Гашан Саламе предложи прекин на огнот за време на претстојниот Курбан Бајрам, кој почнув на 11 август, и побара повторно започнување преговори.

Египет, кој го поддржува Хафтар, е загрижен поради конфликтот, бидејќи има долга граница со Либија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски