КСС апелира да се почитуваат мерките за заштита на работниците кои работат на отворено

Од:

По најавата од Управата за хидрометеоролошки работи дека се очекуваат исклучително топли денови со температури до 41 степен, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) порачува да се почитуваат мерките и препораките за заштита на работниците кои работат на отворено, како што се градежните работници, земјоделци, градинари, работници во сообраќај, работници кои изведуваат теренска работа, продавачи на отворени пазари, пожарникари, полицајци, војници, како и оние кои работат на работни места кои се со ризик од изложеност на високи температури.

Од КСС во денешното соопштение наведуваат дека согласно Законот за безбедност и здравје при работа треба да се обезбедат соодветни услови за работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците.

КСС препорачува избегнување работа на отворено во период од 11:00 до 17:00 часот, редуцирање на тешката физичка работа, почести паузи, и посебна внимателност со постари работници, хронично болни, бремени жени итн.

КСС исто така потсетува, фирмите кои ќе работат за време на празник да им исплатат на работниците дневница повисока за 50 отсто.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Почнува летното сметање на времето

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он