Една победа и еден нерешен резултат е епилогот на двата денешни натпревара од 19. коло на Првата македонска фудбалска лига.
На „Железарница“ во Скопје, Металург не ја искористи предноста на домашниот терен и не ја оправда фаворитската улога играјќи нерешено со последнопласираниот Тетекс 0:0.
На вториот попладневен дуел, Силекс во Кратово со убедливи 4:0 ја совлада Дрита од Боговиње.
Вчера, на премиерата од пролетниот дел на сезоната, Работнички го победи Хоризонт Турново со 2:0.
Натпреварите Шкендија – Ренова, Брегалница – Напредок и Пелистер – Вардар се одлжени за в среда.
Табела: Вардар 38 бодови, Хоризонт Турново 35, Металург 32, Напредок 31, Шкендија 29, Брегалница 24, Работнички 24, Дрита 23, Ренова 21, Пелистер 19, Силекс 18 и Тетекс 13.