Достоинство ги осудува насилстватата кои се случија во изминативе денови и палењето на знамето, а оценија дека македонската полиција се покажа достојна на задачата и во справувањето со нередите.
„На вчерашната прес конференција ДУИ не обвини нас како промотори на негативна кампања против Талат Џафери и индиректно како виновни за насилствата што се случија. Ние на собирите што ги организиравме, немавме ниту еден инцидент.
-Ние прашуваме зошто на нивната вчерашна прес конференција на која не осудија нас, нема македонско знаме, туку само албанско и знаме на Европската Унија“, рече генералот Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.
Според него, последните настани нема да ги натера да се откажат и да се повлечат од иницијативата за смена на Талат Џафери се додека не се соберат 150.000 потписи.
„Затоа ги повикуваме од ДУИ самите да го повлечат Талат Џафери, бидејќи токму тие со самото предлагање ги иницираа последните меѓуетнички тензии. Воедно бараме од дуи да оддржи со Достоинство работна средба, за да им објасниме зашто припадниците на УЧК не треба да ги предлагаат на вакви чувствителни функции“, вели Ангелов.