Вилсон: Не очекувајте влез во НАТО на јунскиот самит во Брисел

Од:

Дејмон Вилсон, извршниот потпретседател на Атланскиот совет на САД, вели дека вратата на Македонија за влез во НАТО ќе и биде отворена во 2014 година, пренесе „Дневник“.

Дејмон Вилсон, потврдува дека јунскиот самит на НАТО во Брисел веројатно нема да донесе можност за расправа за членството на Македонија. Изјавата на Вилсон доаѓа по најавата дека НАТО ќе одржи самит во јуни, одвај една година по самитот во Чикаго, на кој американскиот државен секретар Хилари Клинтон најави дека следниот НАТО самит ќе биде самит на проширување.

„Но, тогаш кога ја даде изјавата, сите очекуваа Самит во 2014 година. Сега има активности од страна на администрацијата на Обама да се свика мини самит или скратен самит во Брисел, на маргините на посетата на Обама на Европа за самитот на групата Г8 во Ирска.

– Овој самит би бил посветен само на следната фаза на стратегијата во Авганистан и плановите на предавањето на одговорноста врз безбедноста во оваа земја врз авганистанските безбедносни сили, и на прашањето на капацитетите на нашите европски сојузници кои треба да преземат поголем дел од одговорностите. Вратата за дискусија за проширување ќе можеме да ја отвориме во 2014 година“, изјави Вилсон.

Вилсон појаснува дека е потребен мал труд од страна на Вашингтон, Европската Унија, Скопје и Атина, за да се дојде до решение на спорот за името што би значело и отворање на вратата за македонското членство во НАТО.

„Искрено, ова решение би можело да се случи и на време за мини-самитот во 2013 година, а секако дека може да се случи до 2014 година. Да бев во американската Влада јас многу силно ќе притискав да дојдеме до тоа“, вели Вилсон.

Би можело да ве интересира

Лидерите на НАТО ќе се состанат утре за да разговараат за Украина

А1он

Србија не сака да биде дел од НАТО, вели Вучиќ

Руските медиуми и каналите на Телеграм со лажна вест дека заробиле офицери на НАТО

Катерина Ѓуровски

Туск: Русија и Кина би можеле да бидат подготвени за конфронтација со Западот веќе во 2027 година

Русите ја подготвуваат јавноста за војна со НАТО

Горан Наумовски

Грушко: НАТО се подготвува за конфликт со Русија