Загинаа 15 Етиопјани откако се расипал бројот со кој требало да стигнат до Јемен

Од:

Најмалку 15 Етиопјани загинаа откако бродот со кој требало да бидат прошверцувани во Јемен се расипал и останал да лебди над морето без храна и вода цели седум дена, објави Организацијата за миграција (ИОМ).

Според преживеаните, некои луѓе починале од глад и жед, а некои се удавиле.

Во објавата од ИОМ на Твитер се наведува дека некои луѓе успеале да стигнат до Јемен, но, сепак, починале пред да добијат лекарска помош.

Јемен повеќе од четири години е во граѓанска војна во која се убиени десетици илјади луѓе, а земјата е осиромашена и луѓето страдаат од глад.

Меѓутоа, илјадници мигранти, претежно од Рогот на Африка доаѓаат секоја година со надеж дека ќе стигнат до богатите арапски земји и ќе ја избегнат невработеноста сиромаштијата во својата земја.

– Мигрантите патувале од Џибути во Јемен кога се расипал бродот на шверцерите, напиша ИОМ на Твитер.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида