Повеќе од 200 ирваси угинаа од глад на Арктикот

Од:

Норвешките научници на архипелагот Свалбард во Арктичкиот Океан откриле околу двесте угинати ирваси. Експерти од Норвешкиот поларен институт убедени се дека животните угинале од глад. Тие сметаат дека невообичаено големиот број угинати животни е последица од климатските промени, кои се чувствуваат и на тој архипелаг.

Секое лето, истражувачите од Норвешкиот поларен институт ја проучуваат тундрата на архипелагот на арктичкиот архипелаг Свалбард за да ја мапираат популацијата на ирваси на островите што се оддалечени околу 1.200 километри од Северниот Пол. Оваа година, тие ги открија мршите на животните кои прегладнеле до смрт. Научниците велат дека во последните четириесет години, колку што се следи популацијата на свалбардските ирваси, слична стапка на смртност е регистрирана само еднаш – во текот на зимата 2007 до 2008 година.

Ашилд Онвик Педерсен, авторка на проектот, ги смета луѓето одговорни за високата стапка на смртност, односно верува дека ирвасите починале поради глобалното затоплување, што, според климатолозите, се одвива двојно побрзо на Арктикот отколку во остатокот од светот.

– Климатските промени предизвикуваат значително поголеми врнежи од дожд, рече Педерсен. – Всушност, дождот обично паѓа врз снег по што во тундрата се формира слој мраз, што го отежнува пасењето на овие животни, објасни таа.

Ирвасите се исклучително важни животни за арктичкиот екосистем. Норвешките експерти велат дека глобалното затоплување го олеснува ширењето на неколку агресивни растителни видови што виреат таму, а ирвасите, како најголеми тревопасни животни во регионот, успеваат да ги „уништат“ затоа што се хранат со нив. Научниците стравуваат дека без ирвасите, нордиските предели може да изгледаат сосема поинаку во иднина.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани