Бруно Фернандеш самиот ги засили шпекулациите дека веќе го одиграл својот последен натпревар за Спортинг (Лисабон).
Синоќа, Португалецот излезе со капитенската лента во контролната против Валенсија, која „лилјаците“ ја освоија со 2:1. Фернандеш, кој наводно се приближува до трансфер во Манчестер Јунајтед, не успеа да ги задржи своите емоции и заплака.
Video: Bruno Fernandes clearly visibly upset wiping tears and walking away from the camera recording him. #mufc pic.twitter.com/8NjitHfPlG
— ManUnitedZone (@ManUnitedZone_) July 28, 2019
Медиумите на Островот велат дека двата клуба веќе се согласиле со условите на трансферот. Според „Дејли мејл“, „црвените ѓаволи“ ќе платат 56 милиони фунти за играчот од средниот ред, додека „Мирор“ тврди дека сумата е 63 милиони.
По натпреварот, тренерот на Спортинг, Марсел Кајзер одби да потврди дека трансферот веќе е решен и изрази надеж дека Бруно Фернандеш ќе остане во тимот.