Актерката Руси Тејлор, која повеќе од 30 години го позајмуваше гласот на јунакот на Дизни, Мини Маус, почина на возраст од 75 години.
Веста за нејзината смрт ја објави компанијата „Волт Дизни“ и наведе дека Тејлор починала во Калифорнија во петокот.
We are sorry to report that Disney Legend Russi Taylor has passed away: https://t.co/8uphuNZy3i pic.twitter.com/FwAdJJYpqw
— Disney (@Disney) July 27, 2019
Руси е родена на 4. мај 1944 година, а прв пат го запознала Волт Дизни, кој прв го позајмувал гласот за Мики и Мини, кога го посетила Дизниленд како девојче.
– Во еден момент додека разговаравме, ме праша што сакам да работам кога ќе пораснам, а јас одговорив дека сакам да работам со него. Тој кажа „Ок“ и сега работам, рече своевремено Тејлор.
Таа била избрана помеѓу 200 кандидати да ја игра Мини на аудицијата во 1986 година и го позајмувала гласот на овој јунак во анимираните филмови и ТВ серии.
Нејзиниот глас може да се слушне и во „Симпсонови“, како и во долгометражниот цртан филм „Мала сирена“.