Екипата на Работнички со триумф од 2:0 против Хоризонт Турново го започна пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.
Головите на натпреварот одигран попладнево на стадионот во скопската населба „Ѓорче Петров“ ги постигнаа Баже Илијоски (42.минута) кој во зимскиот преоден рок ги засили „романтичарите“ и Крсте Велкоски во 80.минута.
Дербито на 19.коло ќе се одигра утре во Битола меѓу вечните ривали Пелистер и Вардар. Освен дербито, утре ќе играат и Металург – Тетекс и Силекс – Дрита.
Натпреварите Шкендија – Ренова и Брегалница – Напредок се одлжени за в среда.
Табела: Вардар 38 бодови, Хоризонт Турново 35, Металург 31, Напредок 31, Шкендија 29, Брегалница 24, Работнички 24, Дрита 23, Ренова 21, Пелистер 19, Силекс 15 и Тетекс 9.