Обединети за Македонија: Мицкоски да му се извини за Бошкоски, па да зборува за „политичка хајка против неистомислениците“

Од:

Денес имавте храброст од името на ДПМНЕ да кажете дека е време да се фатиме за работа и за борба против политичката хајка на неистомислениците, велат од Обединети за Македонија, преку соопштение.

„Кога зборувате за срамен процес и за политичка хајка и не нарекувате комунистичка власт, да ве потсетиме за вашата хајка против
Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Го помните 6 јуни 2011 година, ден по парламентарните избори?

Апсењето и пресудата е третирано како политички мотивирано од повеќе домашни и меѓународни релевантни организации, вклучително и во
извештај во Стејт Департментот.

Дали ги помните јавните изјави на некои таканаречени новинари кои кажаа дека се радуваат што е уапсен? Се смееле и се радувале?

Вие немате легитимитет да зборувате и дискутирате за т.н. политички хајки и т.н. монтирани процеси.

Вие уште пред неколку години ја докажавте вашата доктрина и спроведени акции против неистомислениците.

За да може да зборувате за некакви хајки против неистомислениците, прво треба да признаете дека вашиот претходник Груевски водеше политички прогон против неистомислениците, не само против Љубе Бошкоски, но и против голем број луѓе, поголемиот дел од ВМРО-ДПМНЕ.

Извинeте се на Љубе Бошкоски и признајте ги политичките прогони кои ги вршевте во вашето десетгодишно владеење, оградете се од политиката на Груевски, па после коментирајте за овогодинешните случувања.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Обединети за Македонија: Каде е македонското знаме?

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

Обединети за Македонија: Итно разрешување на државниот секретар за (не)култура – Валмир Азири!

А1он

ОМ се приклучи на Коалицијата „Можеме“: Татковината ни е натпартиска идеологија

Бошкоски: Ни на крај памет не очекував дека ДПМНЕ ќе води таква дволична и лицемерна политика во Европа

Честитка на Обединети на Македонија по поводот 11 Октомври

Ана Ололовска