Обединети за Македонија: Итно разрешување на државниот секретар за (не)култура – Валмир Азири!

Од:

Од Обединети за Македонија велат дека се разочарани од квалитетот на кадрите на ДУИ, кои според нив „по секоја цена, секој инцидент сакаат да го претворат во меѓуетничка тензија и поделби“.

„Инцидентот во македонското Собрание не е ниту демократски, ниту културен начин за решавање на проблемите и конфликтите. Но, заканите на државниот секретар за (не)култура дека „новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците“, е класична закана кон повеќе групи на граѓани, без разлика од која и да е етничка припадност.

Инцидентот нема никаква врска со навреда кон сите граѓани кои се од албанска националност, туку е помеѓу неколку македонски пратеници (македонски пратеници во смисла дека се пратеници на македонското Собрание, не се мисли на етничката определба).

Повикуваме и бараме итно разрешување на државниот секретар за (не)култура – Валмир Азири, бидејќи како партија сметаме дека во Владата нема место за луѓе кои секој инцидент го сметаат или го насочуваат како колективен напад на одредена етничка група“, велат од Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

Обединети за Македонија: Каде е македонското знаме?

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

Министерката за култура нема да бара разрешување на функционерот кој најави кршење на раце и нозе

Кристијан Ландов

И Обвинителството работи на пријавата од Милошоски за функционерот кој најави кршење раце и нозе

Кристијан Ландов

Мицевски: Итно разрешување на државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири

Ана Ололовска

Милошоски со кривична за функционер кој напиша: „Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе“

Кристијан Ландов