Министерката за култура нема да бара разрешување на функционерот кој најави кршење на раце и нозе

Од:

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска засега нема да побара разрешување на државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири кој најави кршење на раце и на нозе на тие кои ќе ги понижат Албанците. Пратеникот Антонио Милошоски кој во избришаниот статус на Азири беше квалификуван како „антиалбанец“ ја праша министерката: „Дали вие сметате дека е упатно да предложите разрешување на Валмир Азири поради употреба на говор на омраза“.

dobivaj vesti na viber

„Јас не го оправдувам насилството. Против него поднесовте пријава и доколку според извештајот од надлежните органи кои треба да постапат по вашата пријава се утврди кривично дело, според истото ќе биде донесено соодветно решение“, одговори Костадиновска Стојчевска.

Од одговорот не беше задоволен пратеникот Милошоски. Тој посочи дека Азири, губи Министерството за култура.

„Кога државен секретар во Министерство за култура каде очекуваме луѓето да бидат поплеменити јавно пишува на кршење на раце и нозе на сите кои тој смета дека не размислуваат како него или соодветно, сметам дека Министерството за култура губи на репутација со еден таков човек во своите редови. Ако вие предложите разрешување кое може да не биде прифатено, вие ќе добиете повеќе на репутација. Ако вие штитите човек кој јавно повикува на говор на омраза, вие вашето министерството и Владата губи на репутација. И наместо да се превенира поткупувањето на говорот на омраза ќе се стане пасивен поттикнувач. Овој човек нема да ви помогне во културата“, додаде Милошоски.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири. Ваквиот чекор доаѓа откако Азири на социјалните мрежи напиша па избриша: „Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, времето на продавачите на магла заврши, новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците“, и додаде емотикон со тупаница.

Би можело да ве интересира

Министерството за култура ги стопира средствата за фестивалот во Крива Паланка поради Аца Лукас

Обединети за Македонија: Итно разрешување на државниот секретар за (не)култура – Валмир Азири!

А1он

И Обвинителството работи на пријавата од Милошоски за функционерот кој најави кршење раце и нозе

Кристијан Ландов

Мицевски: Итно разрешување на државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири

Ана Ололовска

Милошоски со кривична за функционер кој напиша: „Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе“

Кристијан Ландов

Љутков: Владата призна дека нема пари во буџетот и бара последиците да ги трпат културните работници кои се колатерална штета на неспособното работење на министерката Стојчевска