Мицевски: Итно разрешување на државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата дојде до Влада со барање за остра и брза реакција и итно започнување и разрешување на државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„За потсетување, можам да Ви кажам дека пратениците како директни претставници и застапници на граѓаните во законодавниот дом ја бираат Владата, а токму Владата ги назначува своите владини функционери.

Имено, овој владин функционер вчера повикуваше на физичко насилство со нанесување на тешки телесни повреди и ова е кривично дело според членот 394-г од Кривичниот законик, дело со кое што се предвидува казна затвор од една до пет години“, кажа Мицевски.

„Токму поради тоа и поради сериозноста на овој инцидент, а и траорноста на вчерашниот ден за демократијата во Република Македонија, дојдовме и лично го поднесовме барањето за остра реакција од претседателот на Владата, г-динот Димитар Ковачевски, од кој што се бара брза реакција бидејќи само на тој начин ќе покаже дека е противник на повиците за физичко насилство врз народните избраници и ќе упати силна порака до сите дека ова повеќе не смее да се повтори.

Во спротивно, доколку одлучи да молчи, само ќе докаже и покаже дека охрабрува и дека одобрува секаков вид на насилство и насилничко однесување. На потег е Владата и на потег е премиерот Димитар Ковачевски“, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции