СДСМ: Милошоски повторно фатен во лага, не е достоен да ја извршува функцијата пратеник

Од:

Антонио Милошоски симболот на лажните вести, денеска, повторно е фатен во лага која бесрамно ја искажа на говорницата во Собранието, злоупотребувајќи ги пратеничките прашања, велат од СДСМ преку соопштение.

„Почесниот Конзулат на Белорусија во Република Северна Македонија официјално ја демантираше лажната вест на Милошоски дека наводно бизнисмен од Битола бил рекетиран и барал помош во Амбасадата на Република Белорусија во Белград, Република Србија.

За таквата бесрамна лага на Милошоски, во официјалното известување од Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија, јасно е наведено „Дека се што беше искажано се едноставно лажни вести“.

Ваквото однесување на Милошоски е неодговорно и недостојно на функцијата што ја извршува.

Не е првпат Антонио лажни вести Милошоски да ја лаже и манипулира јавноста со невистини.

Претходно тој лажеше и дека дури седум земји членки на Европската унија биле против тоа нашата држава да ги започне преговорите со Унијата, што веднаш беше демантирано од високи претставници на ЕУ.

Таквите лаги на Милошоски срамни, го нарушуваат меѓународниот углед на државата и се спротивни на интересите на граѓаните.

Милошоски е срам за нашата земја и за граѓаните, нема дилема дека мора да замине од функцијата пратеник.

Антонио Милошоски, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се симболот на лажните вести.

Од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат само лажни вести, невистини, измислени и конструирани случаи кои се против интересите на државата и граѓаните.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација