(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од независен, ефикасен и неселективен јавнообвинителски систем

Од:

Христијан Мицкоски уште еднаш покажа и докажа дека бега од правда, штити криминал и намерно ги кочи реформите што се во интерес на граѓаните и државата, рече Костадин Достадинов од СДСМ на денешната прес-конференција.

„Барањето за целосно расформирање на СЈО и обвинителите од СЈО да не преминат заедно со случаите кои ги водат во јавното обвинителство јасно значи одолговлекување на постапките коишто ги води СЈО.

Потврдата за намерата Владимир Панчевски да биде прв човек на новото Јавно обвинителство дополнително зборува за нечесните намери на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во процесот на градење ефикасно јавно обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ постојано измислува и ќе измислува нови барања и опструкции се со цел законот да не се донесе, а правдата да се избегне.

Станува совршено јасно дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од независен, ефикасен и неселективен јавнообвинителски систем.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски мора да престанат со политичките игри.

Мора да покажат конструктивност во носењето на реформските закони, во моменти кога граѓаните, целото општество и нашите стратешки партнери со право повикуваат на одговорност.

Реформите во правосудството се важни за граѓаните, државата и напредокот во евроинтеграциите. Од реформите нема да се откажеме.

Со Мицкоски или без Мицкоски, реформите во правосудството ќе продолжат.“, наведе Костадинов во обраќањето.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација