Нема отворени прашања меѓу Косово и Македонија

Од:

Македонија и Косово немаат отворени прашања, и затоа се отвораат нови иницијативи со кои ќе се подобрува економската соработка помеѓу двете земји, рекоа шефовите на македонската и косовската дипломатија, Никола Попоски и Енвер Хоџај.

„Помеѓу Македонија и Косово нема отворени прашања и поради тоа на денешната средба отворивме низа иницијативи со кои ќе ја подобруваме економската соработка помеѓу двете земји“, изјави Никола Попоски, министерот за надворешни работи по средбата со неговиот косовски колега.

Шефот на косовската дипломатија, Енвер Хоџај изјави дека Македонија за Косово претставува важен политички и стратешки партнер и двете земји делат еднакви цели, а тоа е заедничка европска иднина.

Коментирајќи го петкратното убиство кај Смиљковското езеро, Хоџај појасни дека македонското и косовското министерство за внатрешни работи се во постојан контакт во врска со случајот. Тој додаде дека токму поради таквата соработка, ваквите проблеми не ја отежнуваат комуникацијата меѓу Скопје и Приштина.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина