А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Габриела Димковиќ-Мишевска
Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски: Детална истрага за обвинителите во СЈО, неприфатливо е Јанева да биде унапредена

by Габриела Димковиќ-Мишевска26/07/2019 - 13:5326/07/2019 - 15:03491
Share0

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека законот кој го предлага СДСМ, не е во интерес на борбата со криминалот и корупцијата, туку со цел да се пресмета со политичките неистомисленици и воедно да ги амнестира од одговорност политичарите од врхушката на СДСМ.

Добивај вести на вибер

За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо, како што рече Мицкоски, шефицата на СЈО да биде унапредена во новото обвинителство за гонење криминал и висока корупција, ниту пак е прифатливо решението обвинителите и истражителите да се префрлат во новото обвинителство.

„Никогаш нема да прифатиме Катица Јанева за која има индиции дека е вмешана во случајот „Рекет“, да биде унапредена со две скали повисока функција. Сите обвинители треба да се вратат во матичните обвинителства. Освен тоа потребна е детална истрага за срамниот случај „Рекет“, проверка на инволвираноста на Катица Јанева, нејзината релација со осомничените и определени псевдоними, истрага и за директната или индиректна вмешаност на сите обвинители кои беа нејзини помошници. Од друга страна оваа решение ги става во нееднаква позиција другите обвинители кои чесно работеле, наспроти привилегираните. Обвнителите треба да се бираат транспарентно, на распишан конкурс, на кој може да се пријават сите кои се сметаат за квалификувани“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ има предлог решение кое е пред крај и кое наскоро ќе биде презентирано во јавноста.

Според него, нивното решение навистина е на патот за борбата за криминалот и корупцијата. Предлага предметите кои се започнати од СЈО да ги преземе новото обвинителство и да ги распредели на соодветно ниво.

„ВМРО-ДПМНЕ се залага сите тие предмети кои што се во доказна постапка, или во фаза на распит на сведоци, или завршни зборови, да ги преземе државниот јавен обвинител и да ги прераспредели онаму каде припаѓаат – рече Мицкоски.

ВМРО го повика и државниот обвинител Јовески по допрен глас да отвори постапки, затоа што тоа законот му го дозволувал.

„Го повикувам државното обвинителство да отвори истраги за најмалку 10 предмети по допрен глас, за кои има индиции за криминал. Не е важно кој е инволвиран од која политичка структура, корупцијата да се истражи до крај порача Мицкоски.

Коментирајќи го предлогот на СДСМ со кој се предвидува финансиска независност само на новоформираното обвинителство, Мицкоски рече дека тоа е навреда за останатите обвинители од државното обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ предлага финансиска независност на целокупното државно обвинителство со издвојување на 0,8 до 1% средства од буџетот на СРМ.

dpmnesjo

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 13:2126/03/2026 - 13:28

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто