„Епл“ стана сопственик на бизнисот со модеми на „Интел“

Од:

Компанијата „Епл“ купи мнозински удел во бизнисот со модеми на „Интел“ во вредност од милијарда долари, соопштија синоќа двете компании. Сумата ќе биде исплатена во четвртиот квартал од 2019 година.

Според договорот, „Епл“ станува сопственик на повеќе од 17 илјади патенти за безжични технологии, вклучувајќи и разни протоколи на стандарди за мобилна поврзаност и архитектури на модеми. Околу 2,200 вработени во „Интел“ преминуваат во „Епл“, заедно со интелектуалната сопственост, опрема и закупи.

„Интел“ продолжува со можноста да развива модеми за апликации неповрзани со паметните телефони како персонални компјутери, интернет поврзување на физичка техника и секојдневни апарати (Internet of things) и за безпилотни возила.

Дека „Епл“ преговара со „Интел“ за откуп на бизнисот за производство на 5Г модеми за паметни телефони неделава соопшти и „Волстри Журнал“, повикувајќи се на свои извори. Според весникот, зделката за „Епл“ е од стратегиски карактер за да постигне лидерство во разработката и пенетрацијата на 5Г-технологии.

Се проценува дека зделката е погодна за „Интел“ која на тој начин успеала да се ослободи од производство што прави загуби. Според весникот, за развојни цели поврзани со паметни телефони компанијата годишно прави загуба од милијарда долари. Со договорот, „Интел“ е подготвена да се откаже од производството на модеми за смартфони за да се фокусира на разработка на 5Г-технологии за друга техника и апарати.

Би можело да ве интересира

Кој е крипто-бегалецот кој се крие во Србија: Контроверзен Кореец ја оштети индустријата за 40 милијарди долари

А1он

„Епл” сака да го отстрани „Твитер“ од продавницата „Ап стор”, Маск збесна

А1он

Прв случај на вработени во малопродажбата на Епл да се приклучат на синдикатот

Ана Ололовска

Апликацијата на Трамп најверојатно од утре во продавницата на Епл

Ана Ололовска

Програмери на апликации во App Store заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година

Ана Ололовска

„Епл“ достигна пазарна капитализација од 3.000 милијарди долари

А1он