По само две недели брак, со познатиот возач на мото трките, Британецот Шон Емет, девојката се самоубила.
Дваесет и седумгодишната Еби Емет скокнала од балканот на хотелот во Емирати и веднаш починала.
Според првичните информации станува збор за самоубиство, а полицијата не пронашла ништо сомнително во случајот.
Тестот на форензичарите покажал дека Емет консумирала алкохол.
-Примивме итен повик дека млада жена паднала од балкон. Дојдовме на местото на несреќата и веднаш ја пренесовме во болница.
– Но повредите беа многу тешки и жената почина- изјави официјално лице од полицијата.
Семејството и пријателите се шокирани од трагедијата и никој се уште не знае поради што Емет одлучи да си го одземе животот.
Елена Георгиевска