А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ измислува и конструира непостоечки случаи

by А1он23/07/2019 - 16:31264
Share0

Заштитата на криминалот и криењето на криминалци е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која заедно со Христијан Мицкоски се пипците на криминалниот октопод раководен од Будимпешта чија глава е осудениот криминалец во бегство Никола Груевски, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

Следете a1on на Instagram Instagram

„ВМРО-ДПМНЕ е против правдата, против одговорноста и затоа измислува и конструира непостоечки случаи.

За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ правдата е непознат поим и затоа тие немаат кредибилитет да зборуваат за правда и одговорност.

СДСМ покажа дека борбата против криминалот не познава партиска припадност и таа треба да биде бескомпромисна и неселективна.

Следете a1on на Youtube YouTube

Доказ за тоа е и новиот Закон за јавно обвинителство кој влегува во собраниска процедура за кој ВМРО-ДПМНЕ очајно бара алиби да не го прифати.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да покажат одговорност и да го прифатат Предлог Законот за Јавно обвинителство и да ги остават надлежните институции да работат независно, професионално и неселективно.

Република Северна Македонија е правна држава во која владеат законите. Секој оној за кој ќе се докаже дека постпапувал незаконски ќе одговара.“, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 15:09

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:1619/10/2026 - 13:35

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски18/10/2026 - 12:1218/10/2026 - 14:08

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски17/10/2026 - 09:0917/10/2026 - 09:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео