Меѓународната коалиција уништи јеменски бунтовнички дрон за напади врз Саудиска Арабија

Од:

Меѓународната коалиција, предводена од Саудиска Арабија, забележа и уништи дрон лансиран од јеменските бунтовници Хути за напади врз територијата на Саудиска Арабија, изјави денеска портпаролот на коалицијата Турки ал-Малки, јави ДПА.

-Дронот бил лансиран за напади врз резиденцијални подрачја во југозападниот регион Асир, додаде Ал-Малки, пренесен од саудиските медиуми.

Неодамна Хутите лансираа дрон од кои истрелаа ракети на саудиска територија, за, како што самите велат, да се бранат од нападите на коалицијата.

Коалицијата предводена од Саудијците со Хутите се бори од 2015 година, за да ги спречат овие проирански бунтовници да напредуваат кон Аден. Бунтовниците во 2014 година го зазедоа главниот град Сана и околните подрачја.

Уништувачката борба за власт меѓу владата, поддржана од Саудиска Арабија, и Хутите, ги натера бунтовниците да го напуштат Јемен, една од најсиромашните земји во арапскиот свет, со огромна криза и штети врз инфраструктурата низ целата земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа