Снимки од специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во фризерски салон кружат на социјалните мрежи. Видео материјалот е објавен од фејсбук корисник, која ја снимила Јанева без обвинителката да знае.
Засега не е познато во кој фризерски салон, ниту кога е снимена Јанева. Снимките се објавени пред два часа, а се гледа како обвинителката се фенира, додека разговара со вработената.
Шефицата на СЈО отвори боледување во вторникот, еден ден откако даде оставка од позицијата шефица на СЈО, а истиот ден е уапсен и Бојан Јовановски, познат како Боки 13.