ЕУ бара итно да се стопира уривањето на палестинските домови

Од:

Европската Унија ги повика израелските власти итно да го стопираат уривањето на палестинските домови кое започна изутринава во источен Ерусалим и потсетува дека политиката на населување на Израел е нелегална.

– Политиката на населување на Израел е нелегална според меѓународното право, согласно долгогодишната позиција на ЕУ очекуваме израелските власти веднаш да ги стопираат уривањата кои се во тек, стои во реакцијата на ЕУ.

Израелските власти утрово со булдожери урнаа десет палестински згради во кои се наоѓаат околу седумдесет станови во источен Ерусалим, односно во Зоните А и Б од Западниот Брег кои се под контрола на палестинските власти.

– Продолжувањето на оваа политика ја поткопува одржливоста на решението со две држави и перспективата за траен мир и сериозно ја става во опасност можноста Ерусалим да биде идна престолнина на две држави, стои во реакцијата на ЕУ

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци