(ВИДЕО) Китев: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во сферата на медиумите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во сферата на медиумите. Претседателот на Комисијата за избори и именувања од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски упорно не свикува седница на Комисијата.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува роковите за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ.

На тој начин, Димовски и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на партиски пазарења, кои се спротивни на целите на законот и кои, во никој случај нема да се случат“, рече Бетиане Китев, пратеник на СДСМ.

„Очигледно дека единствената цел за таквото однесување е зачувување на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ во ААВМУ кои доведоа до катастрофалната состојба со медиумите во која беше земјава.

Еден од нив е Зоран Трајчевски, директорот на AАВМУ и некогашен советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром кој вчера ширеше лажни вести кои официјално беа демантирани од страна на Мнистерството за внатрешни работи.

Како одговорна партија, бараме законот да се почитува и веднаш да се свика Комисијата за избори и именувања.

Мора да започне јавната и транспарентна постапка за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ.

Состојбата во МРТВ, е единствена критика од Извештајот на Европската комисија и обврска на сите е да се обезбеди независен и професионален Национален сервис.

Потребата од реформи во јавниот сервис е јасно нотирана и во извештајот на Репортери без граници.

Професионализацијата на ААВМУ и МРТ е од особено значење за рефомата на медиумите и унапредување на демократските вредности.

Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.

еформите мора да продолжат во интерес на државата, медиумите и граѓаните“, изјави Бетиане Китев, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он