Вo Кина ќе биде откриeн џиновски аквариум, што е изграден на височина од над 2.200 метри над новотона морето. Аквариумот е отворен за посета во градот Синин, во северозападната кинеска провинција Чингхај, јави „Чајна дејли“.
Површината на аквариумот изнесува 28.000 квадратни метри. Поделен е на делови, каде што ќе може да се видат посебно – слатководни риби, медузи, делфини и други жители на морското пространство. Во аквариумот ќе има над 400 видови водни и 100-на видво сувоземни претставници на фауната.
„Главни ѕвезди“, сепак, ќе бидат делфините афала од Јапонија, кои имаат задача да ги импресионираат туристите од целиот свет.
Официјалното отворање ќе се случи на 18 август. Максималниот капацитет на комплексот е 2.000 посетители.