Женската младинска репрезентација на Северна Македонија денеска доживеа пораз од Фарски Острови со 30-28 (16-10) на последниот меч од ЕХФ-шампионатот кој се одржува во Литванија.
Репрезентативките до 19 години одиграа слаб натпревар и со третиот пораз на пет одиграни натпревари го освоија шестото место на турнирот.
Јанкулоска и Смајлоска со по 5 погоци беа најефикасни за „жолто-црвените“.
На ЕХФ шампионатот, нашата младинска репрезентација забележа 2 победи 3 порази, откако совладани беа Грузија и Косово, а против Литванија, Фарски Острови и Швајцарија доживавме порази.