Спасовски: Криминално и незаконски стекнатиот имот ќе се конфискува, а во МВР има пријави за рекет

Од:

Ставот на МВР е дека треба да се бориме радикално против криминалот и корупцијата и дека секој нелегално и бесправно стекнат имот треба да биде запленет и да биде конфискуван, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарското прашање кој е ставот на МВР за запленетиот имот во Охрид по налог на јавното обвинителство.

– Во сите години на независна Македонија имавме многу малку случаи на конфискација на имот. Тоа праќаше една порака до криминалните структури дека и покрај криминалните активности, стекнатиот имот, нема да биде конфискуван. Сега начинот на работењето концептуално е сменет и кај МВР и кај Јавното обвинителство. Паралелно со сите постапки и истраги, се води и финансиска истрага и врз основа на наредбите кои ги добиваме од Јавниот обвинител, ние постапуваме и не само конкретно за еден настан или случај, туку за сите ќе се постапува така и понатаму и секој нелегално стекнат имот, мора да биоде вратен на државата, односно на граѓаните, изјави Спасовски, кој денеска присуствуваше на конститутивната седница на Совет за превенција на Прилеп.

На прашањето дали и колку бизнисмени досега во МВР пријавиле случај на изнуда или рекет, Спасовски вели дека има пријави и така треба да се постапува во случаите на изнуда и рекет.

-Имаме случаи на пријавување, не им го знам бројот во моментов. За се што е пријавено во МВР, ние сме дејствувале и дејствуваме. Во неколку наврати апелирав, а сега апелирам и посилно, затоа што сметам дека граѓаните сега се охрабрени да пријавуваат, затоа што институциите функционираат неселективно. Секој кој, од кој било аспект има закана, уцена или барање на некаков финансиски надомест, да го пријави случајот, а ние да го сработиме и да ја пратиме пораката до граѓаните дека во Македонија нема и не смее да има заштитени. Без разлика кој е или е близок на одредени политички структури, ќе мора да сноси одговорност. Има пријави, во моментот не ја знам бројката. цела година говорам дека обвинителството и судството мора да застанат на свои нозе и да ги отворат перспективите во борбата против криминалот, а драго ми е што за тоа имаме разбирање. Затоа е битно да се оддели доброто од лошото во институциите, а професионалниот кадар максимално да се заложи да ја преземе улогата на примат, потенцира министерот за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он