Хонда се изненадени од својот напредок

Од:

Тојохару Танабе призна дека е тешко да се одговори на прашањето како Ред Бул успеа да се приближи до Мерцедес и Ферари во последните два круга од шампионатот. Во Австрија, Макс Верстапен ја донесе првата победа за Хонда, откако Јапонците се вратија во Формула 1. На „Силверстоун“, Холанѓанецот ќе се качеше на подиумот, ако не беше удрен од Себастијан Фетел.

– Не е многу лесно да се каже, се чини дека растојанието до лидерите навистина се намали во однос на претходните трки, вели Јапонецот.

Еден од можните одговори е новата спецификација број три, што доведе до зголемување на моќта на сите четири автомобили, напојувани од Хонда.

– Оваа година започнавме на повисоко ниво отколку во минатата. Тоа значи дека сме научиле многу од 2018 година, и успеавме подобро да се калибрираме уште од самиот почеток. Сепак има уште што да учиме на патеката, додаде Танабе.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он