– Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Ален Прост го даде своето мислење за сегашната форма на Себастијан Фетел и серијата грешки што пилотот ги дозволи.
Последниот инцидент се случи за време на Големата награда на Велика Британија, кога тој го удри во задниот дел Макс Верстапен од Ред Бул.
– Фетел погрешно ја процени ситуацијата и гледаме дека Себастијан не е во најдобра форма во овој момент, и овој маневар беше доста комплициран за да се заврши. Можно е однесувањето на Фетел да се должи на губење на концентрација, мотивација и објективна проценка на ситуацијата. Тој не се претставува добро, рече Французинот.
Во генералниот пласман, Фетел заостанува 100 поени од Луис Хамилтон, кој има 223 поени.