Шефот на Ферари, Матија Бинато, ќе биде разрешен како главен технички директор, за да се фокусира само на менаџирањето на тимот. Информациите доаѓаат од италијанското издание „Мотоспорт“. Италијанецот досега ги комбинираше двете позиции, но очигледно ова не е добра опција.
Според сајтот, техничката улога на Биното ќе биде поделена помеѓу три лица. Се уште нема официјална потврда за информациите, но таа може да биде јавно објавена пред Гран-при на Германија на „Хокенхајм“.
Енрико Кадрилe ќе биде одговорен за шасијата, Дaвид Санчез за аеродинамиката и Корадо Лоти за моторот. Тие директно ќе одговараат на Биното. Како потврда за нова смена во структурите на Ферари, доаѓа и фактот што подоцна оваа година Алфа Ромео ќе го врати главниот дизајнер Симоне Реста. Што точно ќе биде неговата работа, се уште не е објавено.