ВИДЕО: Директорот на Просветен инспекторат ќе одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Од:

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат, да одлучи во рок од седум дена дали ќе го прифати предлогот за дисциплинска мерка за инспекторот Ѓорѓи Илиевски.

Портпаролот Јане Николовски рече дека било постапувано според Законот за административни службеници.

Денешната седница се одржа зад затворени врати. Илиевски и новинарите побараа новинарите да присуствуваат на седницата, но претседателката рече дека на новинарите им е забрането да присуствуваат.

Дисциплинската постапка беше закажана откако инспекторот Илиевски објави дека незаконски биле унапредени јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).

Постапката ја поведе Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски.

Би можело да ве интересира

Филиповска Грашкоска: Инспекцискиот совет професионално презема чекори за утврдување дисциплинска одговорност на Саљиу

Деградираниот инспектор Илиевски се пожали и во Мисијата на ЕУ во Скопје

Васко Маглешов

Деградиран инспекторот Илиевски, кој откри незаконски унапредувања на функционери

Васко Маглешов

„Кажете еднаш засекогаш НЕ за криминалот“, петиција за инспекторот Илиевски

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Илиевски: Ме дисциплинираат зашто констатирав незаконско унапредување на функционери на ДУИ

Васко Маглешов

Просветниот инспекторат: Мал е просторот, нема доволно место за новинарите

Кристијан Ландов