Муковски, Василевски, Арнаудов останаа без обезбедување

Од:

Министерството за внатрешни работи им го одзеде обезбедувањето на седумте пратеници што уживаа полициска заштита по собраниската седница за промената на името, дознава „А1 он“. Според нашите информации, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Аранудов, Нола Исмајловска-Старова и Зекир Рамчиловиќ ги имаат привелилегиите што ги уживаа изминативе девет месеци.

Пратеничката Исмајловска-Старова за „А1 он“ вели дека безбедносните процени на МВР укажуваат и на тоа дека оние што биле потенцијална опасност сега ја разбираат исправноста на нивната одлука.

„Штом безбедносните проверки се променети и МВР проценило дека сме сигурни, тоа за мене значи дека оние што биле потенцијална опасност сега ја разбираат исправноста на нашата одлука“, вели Нола Ислајловска-Старова.

Одлуката да им се даде обезбедување на сите 80 пратеници беше донесена во септември минатата година. Неофицијално, речиси никој од пратениците повеќе не користи обезбедување.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци