Повредена 18-годишна девојка откако во неа удрил возач на голф

Од:

Осумнаесетгодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна несреќа на булеварот „Видео Смилевски-Бато“, вчера околу 18:30 часот, откако во неа удрило патничко моторно возило „фолкваген голф“ со тетовски регистарски ознаки.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во Т.А (18) удрил 47-годишниот Ш. Х. од Вејце кој управувал со „голфот“.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 18-годишната девојка, која потоа била пренесена во болницата во Тетово, соопшти денеска МВР.

Увид на местото на сообраќајката извршила екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва