Просветниот инспекторат: Мал е просторот, нема доволно место за новинарите

Од:

Просветниот инспекторат не знае врз основа на кој закон, односно кои одредби, на седницата за дисциплинската постапка за инспекторот Ѓорѓи Илиевски не е дозволено да присуствуваат медиумите. Јане Николовски, кој се претстави како лице за односи со јавноста во Инспекторатот, немаше објаснување за ваквата постапка.

„Тука присуствуваат од Канцеларијата на народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет и други. Новинарите ќе добијат соопштение. Плус просторот е мал, нема доволно место“, беше одговорот на Николовски, кој не одговори кој дал наредба новинарите да не бидат пуштени на седницата и побара прашањето да се испрати на имејл.

Тој на излегување на новинарите од ходниците искоментирал: „Не знам кој ги пуштил новинарите во зградата, ќе има изјава по седницата“.

Половина час по почнувањето на седницата за дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на инспекторот Ѓорѓи Илиевски, се појави обезбедување и ги замоли новинарите да не чекаат во ходникот.

Обезбедувачот рече дека за да ги пушти новинарите на седницата и да чекаат во ходникот, требало писмено известување, кое не било стигнато.

Би можело да ве интересира

Филиповска Грашкоска: Инспекцискиот совет професионално презема чекори за утврдување дисциплинска одговорност на Саљиу

Деградираниот инспектор Илиевски се пожали и во Мисијата на ЕУ во Скопје

Васко Маглешов

Деградиран инспекторот Илиевски, кој откри незаконски унапредувања на функционери

Васко Маглешов

„Кажете еднаш засекогаш НЕ за криминалот“, петиција за инспекторот Илиевски

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Илиевски: Ме дисциплинираат зашто констатирав незаконско унапредување на функционери на ДУИ

Васко Маглешов

ВИДЕО: Директорот на Просветен инспекторат ќе одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Васко Маглешов