(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски во одбрана на криминалот на Груевски решил да не дојде на лидерската средба

Од:

Со неуспешно алиби и крајна неодговорност, Христијан Мицкоски, е во нов обид да го блокира напредокот на земјата и реформите. Фокусиран на одбрана на криминалот на Никола Груевски, Мицкоски решил да не доаѓа на лидерската средба, изјави на денешната прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Има забелешки за попис а не доаѓа да разговара зошто сака земјата да остане без попис – практично ги повторува истите политики на неговиот шеф, Никола Груевски. Старото, криминално крило на ВМРО-ДПМНЕ не сака земјава рамномерно да се развива. ВМРО-ДПМНЕ сака 18 години да бидеме без попис на населението. Мицкоски е против правдата.“, потенцираше Костадинов.

Во време кога функционира правосудниот систем во државата и имаме неселективна правда, кога има линк помеѓу граѓаните, обвинителството и МВР за заштита од корупција и криминал, Мицкоски бега од разговор за законот за јавно обвинителство.

Со половина уста бара предвремени избори, а знае и не сака да зборува за подобрување на изборниот законик.

Мицкоски се моли избори да нема затоа што и самиот е свесен дека изборите ќе ги изгуби, исто како што ги изгуби претседателските и предвремените локални избори, во Ново Село и Охрид.

Мицкоски бега од лидерска. Мицкоски бега од реформи. Мицкоски и штети на државата. Мицкоски работи против датум за преговори за членство во ЕУ.

Единствената работа за која што силно се грижи е одбрана на криминалот на Никола Груевски, кој е всушност и вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На Христијан Мицкоски повторно му порачувам, дека на неговите блокади, неговите антидржавни дејствувања и активности нема да успеат.

Напредокот на Република Северна Македонија и граѓаните ќе продолжи, со него или без него.“, заклучи Костадинов.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он