Русија и Украина најавуваат размена на затвореници

Од:

Официјални претставници на Русија и Украина најавија дека се подготвува голема размена на затвореници помеѓу двете земји.

Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Григориј Карасин, изјави за руските новински агенции дека двете земји разговараат за размена на 24 Украинци кои беа уапсени во декември 2018 година, пренесува АП.

Канцеларијата на главниот обвинител на Украина соопшти дека рускиот новинар кој е во притвор во Украина ќе биде пуштен на слобода.

Рускиот пратеник за човекови права Светлана Москалкова пристигна во Украина денес за да разговара за затворениците со нејзиниот украински колега.

Активностите во врска со затворените Руси и Украинци дојдоа по првиот телефонски разговор минатата недела меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва