СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага, нема тендер за набавка на мамографи

Од:

Нов ден, нова лага од белиот дворец. Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, секојдневно се шират лаги и невистини, рагира СДСМ на на прес-конференцијата на Марија Андоновска од ВМРО ДПМНЕ, преку соопштение.

„ВМРО-ДПМНЕ партијата која заради бизнис и криминални интереси го урниса здравството, денеска шири невистини и е против унапредување на здравствениот систем и подобра грижа за граѓаните.

Министерството за здравство официјално и јавно ги демантира лагите изнесени на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, нема тендер како што лажно наведува оваа партија.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потврди дека нема простор за интервенција во јавните набавки на Министерството за здравство со што се потврдува дека нема сомнителни тендери.

Имено, сомнителните тендери, криминали и високи провизии се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и завршија со нивното заминување во опозиција.

По сиот пустош што го направи за 11 години во здравството, ВМРО-ДПМНЕ денес не може да се помири со тоа што се зголемува грижата за пациентите и со тоа што сите средства во здравството се со цел подобри, навремени и квалитетни здравствени услуги за граѓаните.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација