ВИДЕО: Протест во Москва, опозицијата бара да учествува на избори

Од:

Околу илјада луѓе се собраа денеска во центарот на Москва барајќи изборната комисија да ја прифати кандидатурата на опозицискиот кандидат на изборите за градско собрание во септември.

Собирот е одобрен како митинг на опозициските лидери и нивните гласачи, бидејќи Московската изборна комисија одби да ја прифати кандидатурата на нивните неколку претставници поради неважечки потписи.

Демонстрантите извикуваа „Ние сме тука власт“ и „Путин е крадец“.

Најпознатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални се уште не пристигнал на собирот, кој руските власти го дозволија. Засега нема ниту едно апсење.

Иља Јашин, еден од кандидатите за чија кандидатура потписите се прогласени за неважечки, побара од демонстрантите да тргнат со него до канцеларијата на градоначалникот и да ги изнесат своите изборни барања.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски