Македонски телеком со пад на приходите, но ја задржа лидерската позиција на пазарот

Од:

Македонски телеком минатата година ја задржа водечката позиција на пазарот. Финансиските резултати за работењето во минатта година покажуваат дека вкупните приходи изнесуваат 13,8 милијарди денари, и бележат пад од 12 проценти, а нето добивката е во висина од 3,8 милијарди денари.

Ова го соопштија денеска на прес-конференција главниот извршен и финансискиот директор на групацијата Данел Сас и Славко Пројкоски, кои истакнуваат дека иако има намалени финанска добивка, групацијата успеа да ја исполни деловните планови за минатата година.

– Во 2012 година успеавме да ги реализираме нашите деловни планови, сепак од финансиски аспект беше навистина предизвикувачки. Нашите компании работеа во услови на остра конкуренција, во услови на ценовна војна и во услови на намалена економска сила на државата. Изминатиот период го одбележаа порастот на трошоците на живот и намалената потрошувачка. Телекомуникацискито сектор не остана имун на кризата и намалената куповна моќ на граѓаните се рефлектираше како ограничена побарувачка на телекомуникациските услуги, рече Пројкоски додавајќи дека во вакви услови се почесто ниската цена е одлучувачки фактор при изборот на проиводи, за сметка на содржината на понудата и квалитетот на услугата.

Тој додаде дека групацијата од поаѓајќи од таквата позиција се приспособи во работењето минатата година преку репозиционирање и редефинирање на нивните портфолија во фиксната и мобилната телефонија.

Групацијата, како што рече главниот извршен директор Даниел Сас, забележува тренд на намалување на традиционалните услуги и префрлување кон новите современи.

Во 2012 година забележавме исклучителни резултати во делот на дигиталната телевизија, каде на крајот на годината се забележани 67 илјади корисници, и пораст од 66 проценти во однос на 2011 година. Бројот на интернет корисници се зголеми за 7 отсто, истакна Сас потенцирајќи дека иако приходите кај фиксната телефонија бележат намалување за 6 отсто, со бројката од 296 илјади корисници во 2012 година ја задржа водечката позиција на пазарот.

Пазарното учество во сегментот на фиксната телефонија е 73 проценти и во делот на широкопојасниот интернет има удел од 54 проценти.

Плановите на групацијата се не само да ја задржи лидерската позиција, туку и да ја зајакне. Ќе се насочат кон зајакнување на сегментите што ќе осигураат не само развој, туку ќе обезбедат и дополнителни приходи со што ќе се компензираат пред се загубите од говорните услуги.

Одговорајќи на новинарско прашање, Сас истакна дека одлуката за дивиденда ја носи Собранието на акционери, а бидејќи компанијата има приход се очекува дека ќе има исплата на дивиденда.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Единствен начин да се стави крај на овој дуопол е да се промовира трет мобилен оператор, мораме да го заштитиме стандардот на граѓаните

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

А1он

Телеком ќе ги тужи фирмите што ги оштетиле каблите, корисниците добија гратис интернет

Катерина Ѓуровски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Адвокат близок до Заев, ќе добива по 2.500 евра во одборот на Телеком

A1on

Кој ќе добива надомест од 6.000 евра во Телеком? Советник на Царина го менува Китанов во одборот на директори

A1on