[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Граната од Првата светска војна која не експлодирала е пронајдена во земја под нуклеарна електрана во близина на Брисел, Белгија.
Гранатата е пронајдена за време на изградба на дренажниот систем на фирмата Електрабел пред управата на зградата, стои во сооштението на портпаролката на фирмата, Ан Софи Луџ.
Воени експерти морале да интервенираат. Местото каде е пронајдено било надвор од безбедносниот круг кој го опфаќа самиот реактор.
Дваесеттина лица кои биле во електраната се евакуирани во текот на отстранувањето на гранатата.