Ибраими и Тричко за кампањата 100% фудбал

Од:

Нашите репрезентативци, Агим Ибраими и Иван Тричковкси говореа за тоа колку значи за нив, и за секој играч да биде почитуван за време на еден натпревар.

Според Ибраими, како професионалец не дозволува да потклекне на провокациите од трибините, но не би било лошо доколку се изрази почит кон фудбалер кој го носи репрезентативниот дрес.

“Како професионалец најмногу ме интересира играта, но чувството дека сум почитуван за се она што го правам за клубот, а посебно за репрезентацијата е вистински мотив за уште подобри резултати. Тоа не беше случај на натпреварот со Данска. Имаше и недолични скандирања. Тоа нема да ме мотивира да дадам гол. Како професионалци не дозволуваме да бидеме испровоцирани, но како личности бараме малку повеќе почит, како за мене, така и за моите соиграчи без разлика на националноста. Насилството и навредите нема никако да ни помогнат, целта за доаѓањето на натпревари треба да е друга – да се забавуваат, да уживаат во нашите успеси, но и да не поддржуваат“ – вели играчот на Марибор.

За Тричковски пак, националниот дрес е светост, и вели дека не треба да се делат фудбалерите според националност бидејќи во репрезентацијата сите се едно.

„Репрезентацијата е светост за мене. На терените во странство се чувствувам како странец. Но не сакам и дома да се чувствувам така. Навреди не треба да има никаде, но најмалку треба да ги има во спортот, особено не во фудбалот како еден од најгледаните спортови. Ние сме едно во репрезентацијата, без разлика од која националност сме. Би сакал да ги видам навивачите да не почитуваат и нас и меѓу себе да се почитуваат онака како што тоа го правиме ние фудбалерите“ – изјави популарниот Тричко.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска