Груевски на бизнис забава во Будимпешта

Од:

На официјалната страна на Фејсбук, Budapest Business Party (Бизнис забава Будимпешта) беше објавена фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега азилант во Будимпешта, Унгарија кој е сликан со организаторите на забавата. Девојката на фотографијата е хостеса или организатор на забавата со оглед дека се има сликано со сите гости и не е никаква придружба на Груевски.

Станува збор за бизнис настан во организација на Италијанската стопанска комора на Унгарија (ИТЛ Груп), а на која присуствуваат претставници од голем број унгарски и италијански компании и познати ликови од естрадата. За истата забава претходно имаше вест на 7 јули кога Груевски беше сликан на забава на брод.

Останува неизвесно што барал Груевски на настан од ваков тип и во кое својство бил поканет. На фотографијата е и еден унгарски бизнисмен и домаќинот на бизнис забавата, Алесандро Фарина. Забавата се одржува покрај Дунав.

На настанот присуствува и Италијанецот Роко Сифреди, еден од најпознатите актери во светската порно индустрија.

Би можело да ве интересира

Орбан: Во следните 100 години Унгарија нема да одобри членство на Украина во ЕУ

Орбан: Брисел го прифати секое украинско барање, но ние нема да плаќаме

Горан Наумовски

Унгарија му сврте грб на Брисел: „Не сметајте на нас“

Орбан: Eвропската одбранбена политика е во рацете на „германска тројка“

(ВИДЕО) Орбан предупредува: Падот на Украина е закана за Унгарија

Унгарија одбива да прифати мигранти на својата територија