ОН покренува истрага на Филипини поради „војната против дрогата“

Од:

Советот за човекови права при Обединети нации денеска одлучи да покрене прелиминарна истрага поради стотиците убиства на Филипини во така наречената војна против дрогата.

Резолуцијата предложена од Исланд ја поддржаа 18 земји, против се изјаснија 14, вклучително и Кина, а воздржани беа 15 држави, меѓу кои и Јапонија.

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ (АИ) упати апел до ОН да покрене истрага за убиствата на илјадниците Филипиници, што контроверзниот претседател на Филипини, Родриго Дутерте ги оправдува со војната против шверцерите на дрога.

– Станува збор за систематско убивање, што се спроведува неказнето, оценува АИ во најновиот извештај под наслов „Тие само убиваат“ и предупреди дека егзекуциите, што траат три години, откако Дутерте во 2016 година стана претседател, се спроведуваат надвор од правосудниот систем.

Според официјалната статистика од 1 јули 2016 до 31 мај 2019 година во полициските операции убиени се најмалку 6.600 луѓе под сомнение дека се поврзани со дрога.

Филипинската Влада повеќепати демантираше дека полицијата ги убива корисниците и шверцерите на дрога, при тоа советувајќи ги семејствата на жртвите ако се сомневаат да покренат правни постапки против полицијата.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот