(ВИДЕО) Костадинов: Економијата расте и се развива

Од:

„Уште еден податок покажува дека по години стагнација и уназадување, економијата е стабилизирана, расте и се разввива.

ФДИ Интеленџенс, сервисот на Фајненшел тајмс, објави дека во периодот од јуни 2018 до мај 2019 во Република Северна Македонија регистрирани се 184,4 милиони долари странски гринфилд инвестиции.

Тоа е раст од 200 отсо споредено со минатата 2017 година“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Ова е одличен податок, особено имајќи предвид дека гринфилд инвестиции претставуваат инвестиции во бизнисот без претходна инфраструктура, деловен простор и вработени.

За две години, вработени се околу 50 илјади граѓани, од кои 48 илјади во реалниот сектор. Тоа значи дека политиките даваат резултат.

Со вистински економски политики создаваме реална економија со долгорочна стабилност, ориентирана и кон приватниот сектор.

Освен растот на гринфилд инвестициите и вработувањето, имаме раст и на извозот. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во првите пет месеци од годинава, извозот е зголемен за 14,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

Ова се само дел од последните податоци што ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Довербата во економијата е вратена, се реализираат нови инвестиции, расте индустриското производство, невработеноста опаѓа.

Зборот важи. Како одговорна партија дадовме збор, се посветиме на развој на економијата, нови работни места, повеќе пари и подобар животен стандард на сите наши граѓани“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он