Иванов ги посети македонските мисии при ОБСЕ и ОН во Виена

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги посети Амбасадата и Постојаната мисија на Македонија при ОБСЕ, ОН и други меѓународни организации во Виена.

При посетата амбасадорите Ѓорги Филипов и Зоран Дабиќ го информираа Иванов за тековните и идните активности на амбасадата и на мисијата.

Претседателот Иванов престојува во Виена како учесник на 5. Глобален форум на Алијансата на цивилизациите на ОН.

На маргините на форумот имаше повеќе средби, меѓу кои со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, со австрискиот претседател Хајнц Фишер, со премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган и со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниар.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on