Заев: Тие ме бараа мене, а јас него, мислејќи дека е Порошенко

Од:

Премиерот Зоран Заев обелодени дека освен што тие му се јавувале, и тој ги контактирал лажните Столтенберг и Порошенко, односно руските комичари. Одговорност нема да бара од никого, повтори Заев, додавајќи дека ќе продолжи со директни комуникации без владиниот протокол. Премиерот разменувал и фотографии од настани кои се случувале во Украина и Македонија. Тој вели дека добивал слики од Парадата на војската, а праќал од посетата на Ангела Меркел во Македонија.

„Во таа комуникација што сме ја имале, да, можно е како што тие што ме барале мене и јас да сум го барал, мислејќи дека е претседателот Порошенко. Завчера, кога се објавија снимките, сфатив дека тие не се вистинските Столтенберг и Порошенко“, вели Заев.

За барањето на опозициската тој да даде оставка, Заев рече дека останува на ставот што го кажал вчера, односно дека нема намера да ја напушти Владата.

„Јас продолжувам со директни комуникации со премиери и претседатели. Комуницирам и мислам дека тоа е помош за мојата земја. Градиме пријателство, а комуникациите носат информации. Нема протокол кој мене може да ме ограничи ако јас сакам да ви се јавам, на премиери или кого било. Ова е само аларм за да се подигнат протоколите кога се комуницира преку фиксната телефонија на Владата.

Претходно, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, рече дека службите не можеле да реагираат за да се спречи разговорот на премиерот Зоран Заев со лажните Столтенберг и Порошенко. Таа вели дека државата мора да се навикне на тоа дека ќе биде цел на хибридни, кибер, но и друг тип закани.

Оставка од Заев поради разговорите со руските пранкери Вован и Лексус кои лажно се претставуваа, побара и опозицискиот лидер, Христијан Мицковски.

 

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?