(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ предвреме ја започна кампањата во Крива Паланка

Од:

Кривопаланчани револтирани се јавија во редакцијата на А1он, за да укажат на притисоци и предвреме започната кампања од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Без оглед на тоа што ова е казниво, режимот се дрзна и со тимови јавно си дели локални програмички по куќите. Јавно и безобразно. Како во хорор филмови, сомнителни брадести типови и со бричени глави, не бирајќи кое време од ноќта тропаат по куќите и со сила на луѓето им делат некои книшки кои ги нарекуваат програми“, велат гневните кривопаланчани.

kampanja-vmro

„Си кршат устав, законик, закон, деловник, одлуки и сето тоа без срам сами го рекламираат по социјалните мрежи. Ако вака слободно ги кршат законите пред официјалниот старт на изборите, може да замислиме каква валкана и не фер кампања имаат веќе осмислено“, велат жителите на Крива Паланка.

Членот 74 став 1 од Изборниот законик на Република Македонија вели:

„Изборната кампања започнува 20 дена пред денот определен за одржување на изборите и не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.“

Би можело да ве интересира

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски