ОМ: Гоце Делчев не треба да нѐ разединува

Од:

„Жешко лето за Република Северна Македонија и Република Бугарија. Комисиите за историски прашања од двете земји дебатираат за одредени личности и дати за славење. Обединети за Македонија сугерира на конструктивност, врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Целта на Договорот е да се развиваат пријателството и соработката. До каде сме со тоа? За сите револуционери постојат архиви, документи, потоа писма напишани со нивен ракопис и изјави за странски весници, велат од Обединети за Македонија.

„Наместо постојано да го осознаваме минатото, треба да фрлиме самокритичен поглед на сегашноста и да ја планираме иднината. Наместо да се фокусираме на сегашните заеднички проекти и заедничката иднина и паралелно да дебатираме, ние се фокусиравме повторно само на минатото.

Да погледнеме објективно и со студени глави на само еден „резултат“ од досегашните политики: во 21. век, двата главни града се на оддалеченост од само 240 километри, но и на цели четири часа со автомобил. А потребна ни е комуникација, економска соработка и заеднички просперитет. Да се фокусираме на меѓусебна комуникација и заеднички да се фокусираме на иднината на нашите млади, преку образование, економија, инфраструктура, култура, а паралелно, нека течат и дебатите, секако, поткрепени со факти.

Тоа нека ни е приоритет. Да се осознаеме, комуницираме, дружиме и зближиме. Да градиме мост. Со градењето на мостот за пријателство, сами, по природен пат ќе го осознаеме и вистинското минато, незагадено од конструкции, пропаганда и квази-историчари“, се вели во соопштението на ОМ.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска